AdEval™
AdEval™ е креиран за евалуација на креативната маркетинг стратегија и перформанси на рекламните кампањи на клиентите. Претставува комбинација на квалитативно и квантитативно истражување, односно претствува semi-in-depth истражување.
Оваа брендирана маркетинг алатка е една од светските водечки рекламни пред-тест системи базирана на докажани принципи на Buy©System:
- Достапна преку ТNS мрежата во повеќе од педесет земји ширум светот,
- Со искуство врз база на 9000 пред-тестови,
- Може да се употреби на сите медиуми,
- Може да се употреби на завршени и на незавршени реклами,
- Докажана релација со in-market продажба.
AdEval™ дава одговор на следните прашања на клиентот во врска со неговата реклама (спот/ радиореклама/ флаер/ оглас/ итн.):
- Ќе помине ли рекламата? / Ќе ја забележат ли луѓето рекламата?
- Што/ колку комуницира?
- Колку е ефективна рекламата?
- Кои комуникации имаат потикнувачки а кои ограничувачки ефект?
Значи AdEval™ мери колку ќе ги поттикне/ инволвира потрошувачите/ корисниците, колку ќе ги мотивира. Се фокусира кон рационалните и емотивните аспекти на рекламирањето, вклучувајќи ги стратешките и креативните елементи на рекламната кампања, овозможувајќи дијагностицирање и толкување на тоа кои елементи придонесуваат за успех на одредена реклама или зошто одреден успех не е постигнат.
Повеќе за AdEval™ :
http://www.tnsglobal.com/business-information/advertising-evaluation/

|