MISTERY SHOPPING
Овој тип истражување е на извесен начин поспецифичен во тоа што ДОБРО обучениот анкетар без анкетен прашалник се претставува пред испитаникот како потенцијален купувач на производ (ако е во прашање продавница) или како корисник на услуга (ако е во прашање некоја шалтерска или друга служба од јавен карактер) и во спонтан разговор се распрашува за различни детали, функции, опции, можности за некој производ или услуга.
На тој начин анкетарот врши евалуација на повеќе атрибути на испитаникот: Знаење на испитаникот (продажен агент, шалтерски работник или друг), неговата професионалност, однесување, ангажираност, љубезност, познавање на конкуренцијата и друго.
| |
 |
|
- Потребна е тесна соработка со клиентот за да се состави „прашалникот“ т.е да се дефинира сè она за што треба анкетарот да се распрашува за да се спроведе истражувањето, а потребен е и посебен тренинг и обука на анкетарите. Во своите извештаи „мистериозните купувачи“ објективно ги проценуваат услугите, со сите забелешки, со цел да се подобри работењето на клиентот, едукацијата или евалуцијата на персоналот.
|