МЕНАЏМЕНТ СО ДЕЛОВНИ КОРИСНИЦИ
ТNS е светски лидер во истражувањата на односот клиентите со своите деловни партнери, всушност со сите субјекти и чинители кои се дел од опкружувањето на клиентот: вработените, акционерите, дистрибутерите, добавувачите, подизведувачите итн се до општата популација. Управувањето (менџментот) со сите овие чинители е неопходен услов за сочувување на конкурентноста. Затоа нудиме брзи, јасни и стратешки сознанија кои укажуваат на приоритетите за подобрување на работењето.
Водечка TNS брендирана солуција во оваа област е TRI*M (Measuring, Management, Monitoring). Преку 1700 компании ширум светот во повеќе од 100 земји вклучувајќи и 51 компанија од Fortune-овите TOP 100 користат TRI*M.
TRI*M е менаџмент информационен систем кој го мери, анализира и проценува степенот на задоволство/ задржување на корисникот/ потрошувачот (customer satisfaction/ retention), како и на елементите на квалитет кои го овозможуваат задоволството на корисникот од производот/ услугата, а со тоа и степенот на задржување на корисникот/ потршувачот како понатамошен корисник/ потрошувач на услугата/ производот.
Истовремено врши идентификување на клучните фактори (позитивни / негативни страни) и потребата од неопходна акција за подобрување на перформансите (подобрување на имиџот на компанијата, брендот, производите, услугите... итн).
Подетално на:
TRI*M
http://www.tnsglobal.com/business-information/stakeholder-relationship-management/
|