ИСПИТУВАЊЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ
Ова е секако една од областите со најдолга историја и искуство во нашето работење. Богатство на сознанија за клучни политички, економски и општествени прашања. Со примена на квалитативни, квантитативни и омнибус истражувања за поединечни клиенти, го испитуваме јавното мислење за разни теми од национално и меѓународно значење, дознаваме како јавноста или одредена група мисли, чувствува или реагира.
Анализите, проценките, следењето на главните трендови ја сместуваат нашата агенција на водечка позиција.
Учесници сме во регионални, меѓународни и глобални проекти.
Евробарометар е проект на Европската Унија каде се анкетираат граѓани од сите членки на ЕУ, како и од земјите-кандидатки меѓу кои е и Р. Македонија (http://www.tns-opinion.com/home), за разни теми од социо-политичкиот и секојдневниот живот на граѓаните.
Како член на Gallup International (GIA) учесници сме во глобалната студија Voice of the People (VoP), како и во проектот End of the Year кој ги истражува очекувањата на граѓаните од претстојната година, ставови за сигурност на работното место, економија и бизнис, демократија и други теми
БРИМА има изграден сопствен модел на евалуација/ следење (tracking) т.е. систем за евалуација и следење на клучните социо-политички индикатори кај електоратот (рејтинг на политичари и политички партии, индекс на мотивираност кај електоратот, индекс на поддршка, сегментација на електоратот итн.). Системот, исто така, содржи доволно елементи за спроведување на SWOT-анализа за политичарите т.е. политичките партии: (Strengths= јаки страни, Weaknesses= слаби страни, Opportunities= можности, Threats= закани). Системот е прилагодлив и применлив и во други сфери/ теми од општествениот живот во Р. Македонија
|