CATI – (Computer Assisted Telephone Interview)
CATI претставува метод на телефонско анкетирање. Неговата предност е во брзо добивање резултати. Ова е комбинација на телефон и компјутер, бидејќи податоците т.е. одговорите на прашањата се внесуваат директно во компјутер.
- Како дел од TNS, БРИМА има сопствен CATI Call Center со лиценциран NIPO CATI Software (TNS NIPO е меѓу првите и водечки производители на софтвер и систем за CATI/ CAPI/ Web истражувања).
- Прашалникот се програмира во специјален програмски јазик - прашањата се појавуваат на мониторот, а одговорите на прашањата директно се запомнуваат во една база на податоци.
- Постои можност за програмско имплементирање на филтри, логички контроли и избор на опции во одговорите.
- Постои можност за on-line контрола од страна на клиентот во текот на анкетата.
|