CAPI – (Computer Assisted Personal Interview) CAWI (Computer Assisted Web Interview)
Имајќи TNS NIPO Software лиценца за CAPI/ CAWI систем, како и обучен кадар за програмирање на прашалник во вид на компјутерски програм, каде анкетата наместо со прашалник се изведува со компјутер, БРИМА има развиена мрежа на обучени анкетари за изведба на CAPI истражувања. Прашањата сами се појуваваат на мониторот, како и одговорите а со едноставен „клик“ одговорот е запомнат во базата на податоци. Предноста на оваа метода, освен програмирање на филтри и логички контроли, е што овозможува на испитаникот да му се прикажуваат слики, видеоклипови, звучни клипови и слично, што може да се дел од самото истражување а што е тешко (или никако) изводливо кај класичните теренски анкети со анкетен прашалник, лице-в-лице во домот на испитаникот.
TNS има посебно развиен CAWI (Computer Assisted Web Interview) систем во склоп на TNS NIPO Software oдделот во Холандија, специјализиран за телефонски, Интернет и On-line истражувања.
TNS годишно прави десетина илјади Web, односно On-line истражувања.
Во Р. Македонија пенетрацијата на Интернетот е во многу помал процент во однос на земјите од Западна Европа т.е. не е доволно голема да може да се прават репрезентативни истражувања. БРИМА е вклучена во повеќе регионални и глобални проекти со CATI/ CAPI/ On-line истражувања на специфични таргетирани примероци.
|