ПОЛИТИКА
Со нашата професионалност и непристрасност се здобивме со доверба кај многу претставници од јавниот сектор, политичари, политички партии, владини институции, невладини организации, креатори на јавното мислење, медиуми и други.
Успешните мерења на расположението и определеноста на електоратот, потврдени на локални, парламентарни и претседателски избори, во ова наше динамичко и понекогаш нестабилно политичко опкружување, се најдобра потврда за нашата прецизност и претставуваат основа за градење доверба.
Исклучително прецизните анализи и проценки ја поставуваат нашата агенција на водечка позиција во предвидувањата на случувањата на општествената и на политичката сцена.
Испитувајќи го јавното мислење, правејќи проценки за излезеност и за изборните резултати, стекнуваме увид во ставовите на граѓаните, имиџот и рејтингот на политичарите и на политичките партии. Овие и вакви сознанија претставуваат базичен патоказ за креирање и евалуација на маркетиншки кампањи. Врз основа на овие сознанија, клиентите стекнуваат увид во тоа каква е нивната моментална позиција, како и тоа каква стратегија да применат во нивните следни активности.
Сознанијата за ставовите, потребите, емоциите и очекувањата на граѓаните, го олеснуваат разбирањето на нивното изборно расположение и однесување, како и севкупната општествена атмосфера
Вклучени сме во проекти како што е Евробарометар (носител на проектот е Европската комисија), каде се анкетираат граѓани од сите членки на ЕУ, како и од земјите кандидатки меѓу кои е и Р. Македонија ( http://www.tns-opinion.com/home ), за разни теми од социо-политичкиот и секојдневниот живот на граѓаните. ( http://www.tnsglobal.com/ )
|