ОПШТЕСТВО
БРИМА важи за лидер во испитувањето на јавното мислење во Р. Македонија. Анализите, проценките и предвидувањата се многу пати потврдени во реалноста, што претставува најдобра потврда на квалитетот и основа на довербата која ни се укажува. Периодот на осамостојување на Р. Македонија, транзициониот период на општествениот систем и преструктурирање на стопанството кон пазарна економијата, а сето ова во период на нестабилно политичко опкружување во целиот регион, економски блокади, воени конфликти, беа предизвик со кој БРИМА се соочуваше со полна одговорност, непристрасност и професионализам и доаѓаше до сознанија и одговори на поставените прашања на клиентите.
Во истражувањата комбинираме високи академски стандарди и современи трендови и сознанија. Како дел на асоцијацијата GALLUP INTERNATIONAL и TNS имаме можност да ги поврземе сознанијата од нашиот општествен контекст со сознанијата од други земји во светот.
Voice of the People – глобална студија на Gallup International: „Гласот на народот“ кој се спроведува во повеќе од 60 земји е проект во кој се сублимирани мислењата на повеќе од 50.000 луѓе ширум светот, а во кој е вклучена и БРИМА како македонски член на оваа асоцијација
Спроведувајќи повеќе илјади анкети и интервјуа годишно, како и мноштво квантитативни истражувања, го наслушуваме пулсот на општеството во многу сфери од општествениот живот: економијата, животниот стандард, правосудството, законодавството, вработеноста, образованието, здравјето, религијата, меѓуетничките односи, мултиетничкиот соживот, меѓународните односи, политиката, животната средина итн. Учесници сме во многу регионални и меѓународни истражувања поврзани со животот на граѓаните во Р. Македонија .
Повеќе: http://www.gallup-international.com/
|