МЕДИУМИ
БРИМА има искуство во разни методи за истражување на медиумите – телевизија, печатени медиуми, радио, Интернет, кино, театар и многу други – од карактеристики на целни групи до проценка и мерење на гледаност.
Со панелни двонеделни дневнички анкети и обработка со посебен специјализиран софтвер во база на податоци, се овозможува мерење на гледаноста (TVM) т.е. мерење опфат (reach) и рејтинг на гледаност на ТВ канали / слушаност на радиостаници во секоја временска рамка од 15 минути во текот на 24 часа, како и можност за мерење на рејтинг на дефинирани емисии. Користејќи го овој „user friendly“ кориснички софтвер корисникот може лесно да направи стратегија за медија планирање. Имаме големо искуство во TVM и со примена на методата DAR (Day After Recall)
Покрај квантитативните мерења на аудиториумот, важни се и квалитативните истражувања на медиумите - како на електронските така и на печатените медиуми. Со ова им помагаме на клиентите да ги согледаат медиумските трендови во рекламирањето за да одлучат кога, каде и на каков начин најдобро да се рекламираат.
Битен сегмент е и поврзаноста на медиумските и маркетиншките истражувања. Токму рекламирањето е еден таков спој. Посебно развиена брендирана истражувачка алатка на TNS, која ги мери и проценува ефектите од конкретно изработена реклама (ТВ-спот, радиореклама, флаер или реклама во печатен медиум), е:
AdEval:
http://www.tnsglobal.com/business-information/advertising-evaluation/
TNS, една од водечките светски истражувачки агенции за мерење на ТВ, радио и Интернет аудиториумот, е и лидер во иновациите. Единствени на светот ја користат RPD методата во мерење на ТВ гледаноста. Ја имаме можноста да бидеме на изворот на најновите светски сознанија и да ги примениме во локален контекст.
|