ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО
Во периодот на транзиција на нашето општество сведоци сме на брзиот и интензивен развој на финансискиот и банкарскиот сектор во Р. Македонија, како и на падот и растот на одредени банки, берзански транскакции. Согледуваме дека основната компонента во финансискиот сектор, банките, инвестициските фондови, штедилниците, како и осигурителните компании, е ДОВЕРБАТА.
Во Омнибус истражувањето на БРИМА, во редовниот блок на потрошувачки навики, периодично го мериме рејтингот на банките и осигурителните компании меѓу граѓаните, како и други теми поврзани со перцепцијата, ставовите и навиките на граѓаните во врска со финансиите и банкарството.

БРИМА е во можност, со помош на искуствата и методите на брендираните решенија на матичната куќа TNS, да одговори на барањата на клиентите. Добро ги разбира потребите на банките, инвестициските фондови и осигурителните комании и предизвиците во овој сектор – глобализација, финансиски кризи, политика на цени, јакнење на моќта на потрошувачите, влијание на технологијата, законските регулативи, бизнис клима и пошироко во однос на социо-економскиот контекст, позицијата на брендовите, сегментација на пазарот и евалуација на задоволството на корисниците од квалитетот на услугите, како и комуникацијата со корисниците. За таа цел нуди спектар од брендирани решенија. http://www.tnsglobal.com/business-information
ВРЕДНОСТ: TNS БРЕНДИРАНИ И СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ИСТРАЖУВАЧКИ РЕШЕНИЈА |